Вања не била задушена, рече обвинителката презентирајќи материјални докази

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска рече дека испукувањето на куршумот кон 14 годишната Вања Ѓорчевска било близина околу 50-60 сантиметри. Убиецот се наоѓал позади жртвата од десна страна, јавува репортерот на ТВ21 од Кривичниот суд.

„Остатоците на кал на патиките на Вања потврдуваат дека таа се движела низ кал и влажна површина“, рече обвинителката презентирајќи докази.

Слично бил убиен и Панче Жежовски кој починал поради огнострелна повреда на мозокот.

Обвинителката рече дека со обдукцијата е потврдено дека Вања била жива кога била убиена, односно не била претходно задушена.

Со забелешка тука се јави Љупчо Палевски – Палчо кој рече дека имало и церада во која бил завиткан Панче Жежовски и дека на истата не се пронајдени папиларни линии ниту биолошки материјал од Љупчо Палевски.

Во судница ќе бидат презентирани над 197 докази, а претходно беа сослушани 26 сведоци. Има над 10 илјади принт скринови од комуникација преку мобилни телефони.