Аргентинскиот тренер Кристијан Фабијани не е повеќе тренер на Вардар. Тој доби отказ од страна на шампионот на ПМФЛ после вчерашниот пораз на дербито од Шкендија.
Фабијани го предводеше Вардар на четирите натпревари во Европа, од кои претрпе два порази и запиша две победи, и два пати го водеше тимот во Првата македонска фудбалска лига. Запиша победа против Брегалница, и вчера Вардар беше поразен од Шкендија.
Фабијани дојде на местото на Гоце Седлоски, кој по завршувањето на сезоната ја прифати селекторската функција.
