Понатамошното проширување на Европската унија е неизбежно, а сега прашање е колку земји ќе се приклучат и кога, изјави денеска комесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји пред парламентарната комисија за европски прашања.
„Политиката на проширување стана една од најважните теми за ЕУ“, рече Вархеји говорејќи за последните пет години на таа функција.
Зборувајќи за пакетот за проширување на европскиот блок од 2024 година, Вархељи рече дека проширувањето е еднакво на „инвестирање во долгорочниот мир, безбедност и просперитет на ЕУ“.