Василев: Северна Македонија не беше тема во предизборната кампања во Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За македонско-бугарските односи и можноста за деблокирање на процесот околу почетокот на преговорите, вечерва дебатиравме во „Клик Плус“ на ТВ21. Соговорници ни се европратеникот Илхан Ќучук и новинарот Боико Василев.

Многумина сметаа дека блокадата за Северна Македонија беше резултат на предизборната кампања, но така не смета ниту Василев кој вечерва кажа дека, според него, тоа не било така.

Можеби многу луѓе во Скопје не знаат, но темата Северна Македонија воопшто не беше тема бугарската предизборна кампања и во моментов не е тема на новата предизборна кампања која започнува. Дури јас се обидов како новинар да го зададам тоа прашање на политичарите присутни во студиото кога ја водевме таа дебата и треба да ти кажам дека тие дадоа многу слични одговори, многу слични одговори кои се приближуваат до позицијата која на вас ви е позната, така да нема одмрзнување, нема притисок, т.е. дури и да има притисок, како резултат од него не може да се очекува да се промени бугарската политичка реалност, може да се промени нешто само ако Софија и Скопје разговараат и заедно направат неколку чекори напред“, рече Василев.