Василевска до К. Ванчева: Дојдете во опозиција ќе формираме нова Влада и ќе продолжиме понатаму

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, и порача на пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, да преминат во опозиција и да се формира нова Влада.

„Кога ќе си го обезбедите парламентарното мнозинство бидејќи врз основа на тоа се избра Влада, ако не, еве ви нудиме повелете префрлете се во опозиција, ќе формираме нова Влада. Видовме дека може со гаранции да се даде на втор победник по ред да се даде мандат за премиер“, вели Василевска.

На ова Калеска Ванчева и врати дека мандатот го даваат граѓаните.