„Вечерва го претставуваме целиот Балкан“, велат српските евровизиски претставнички

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Познатата Ивана Николиќ, дел од групата „Hurricane“ која ја претставува Србија на овогодинешното издание на музичкиот фестивал Евровизија, вечерва пред настапот во финалната ноќ објави фотографија преку која посочи дека го претставуваат целиот Балкан.

На објавената фотографија во позадина покрај српското може да се видат знамињата и на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

„Вечерва ова ќе биде нашата мисија. Ве сакаме!“, напиша таа и потсети дека ќе настапуваат под реден број 8.