Вечерва играше фудбалерот Корона, противничките играчи без страв влегуваа во дуел со него

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во португалското првенство на дуелот помеѓу Пасош Фереира и Порто, за гостинскиот тим играше фудбалер кој има специфично, и многу популарно презиме во моментов – Корона. Неговото цело име е Хесус Мануел Корона.

Корона е мексикански фудбалер кој веќе пет години игра во Порто. Поради пандемијата од коронавирусот, има звучно име. Но, противничките играчи вечерва немаа страв од него, ниту од неговото презиме. Па влегуваа без проблем со него во дуел, го сопреа, и го победија со 3:2. Иначе Корона игра како деснокрилен фудбалер.

Интересен момент е поврзана со неговото презиме, ама нема допирна точка со вирусот.

Имено, кога играл на Светското клупско првенство во 2012 година во Јапонија со тимот на Монтереј, на турнирот било забрането на дресовите да стојат алкохолни пијалоци. Поради тоа што постоело пиво Корона, организаторите му забраниле тоа презиме да го има на дресот.

Меѓутоа тој нашол решение, па бил потпишан со Хесус К. (Jesus C.).