Вечерва почнува полицискиот час во Чешка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За прв пат вечерва ќе стапи на сила забраната за движење на населението во ноќните часови во Чешка. Зараната важи за територијата на целата земја, откако во оваа земја и денеска беа пријавени рекорден број на заразени – 15.663.

Полицискиот час ќе стартува во 21 часот, и ќе трае до 05 часот. Ќе бидат забранети сите излегувања од дома, а ќе смеат да се движат оние со дозвола и оние кои ќе носат лица кон болниците.

Здравствените власти заклучиле дека ноќниот живот и забавите се главната причина за брзото ширење на Ковид-19.