Вечерва се решава кој ќе игра против Арсенал во финалето во Лигата на шампионите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со триумфот над Атлетико Мадрид од 1-0, и вкупни 2-1, тимот на Арсенал синоќа се пласираше во финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта.

Букајо Сака во 45. минута од средбата успеа да погоди и така да донесе финале за Арсенал после 20 години.

Вечерва „топчиите“ ќе го добијат својот ривал во финалето. Во Минхен, Баерн го пречекува тимот на ПСЖ. Францускиот тим има предност од 5-4 по првиот натпревар.