Вечерва Васил Гарванлиев настапува во првото полуфинале на Евровизија, Полска и Исланд во изолација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва со почеток во 21:00 часот, започнува првото полуфилане на изборот за песна на Евровизија, а шести по ред ќе настапи и македонскиот претставник Васил Гарванлиев со композицијата „Here i stand“.

Делегациите на Полска и Исланд на „Евровизија“ кои настапуваат во второто полуфинале на 20 мај, се во изолација бидејќи некои членови во тие делегации беа позитивни на вирусот корона. Во случај да останат во изолација, наместо перформансите на претставниците на тие земји, ќе се прикаже однапред снимената резервна изведба.

Според правилата на овогодинешното натпреварување, сите натпреварувачи претходно снимаа резервни настапи, кои ќе бидат прикажани доколку поради некоја причина не можат да настапат во Ротердам.