Велигденската трпеза е пресолена за граѓаните. Велат цените се покачени пред празникот. Се жалат дека скромната велигденска трпеза за многу семејства веќе станува луксуз. Реагираат дека традиција ни стана секоја година пред празници да се покачуваат цените.
-Традиција им е да се високи цените госпоѓо, се гледа тоа по народот дека нема раздвиженост. Ова е веќе мртва работа. И да сакаш да ја почитуваш традицијата не можеш, вели граѓанин.
-680 денара кило јагнешко. А 250 денара е откупна цена. И математиката вика пола на пола идело јагнето. Па од 250 до 500, а до 680 чив е ќарот, вели друг граѓанин.
-И краставица и патлиџан све е увозно, нема ништо наше, за жал. Јас на село живеам не чуваат ни кокошка, ни коза, ни магаре, ни коњ ни ништо, вели граѓанин.
Има поскапување. Пошто јас често купувам јајца кои биле 210 табла сега се 230 денари. Печурките кои биле 200 денари, 220 сега се 250, компирот кој бил 50 денари сега е 70, вели граѓанин.
-Све е живо покачено. Нема намалено, вели друг.
-За мене не е. Зошто од семче да го извадиш ова –колку е тоа? Плус има загревање преку зимата, вели граѓанин.
–Албанците за секој празник цените ги намалуваат. Нашите ги креваат цените у вис во воздух одат, вели друг граѓанин.
-У бесвест цените се. Јабуките од 40 денари рипнаа на 60 денари. Краставиците 80 денари. Доматите можат да се сретнат и по цена од 200 денари,вели граѓанин.
ТВ21 направи обиколка по маркетите и пазарите. Па така табла јајца во маркетите може да се најде и по цена од 170 до 200 денари, но на пазарите е од 230 до околу 300 денари. Јагнешкото месо низ месарниците достигнува цена и до 680 денари. Килогам краставици е од 80 до 140 денари, а доматите од 100 до 140 денари. Граѓаните велат традицијата мора да се испочитува, но трпезата можеби ќе биде попразна од лани.
-Со овие примања тешко сите да можат да си дозволат, бидејќи за едно четиричлено семејство треба многу повеќе пари за Велигден со едни скромни примања. Иначе има многу кои си дозволуваат на турнеја да одат, вели граѓанин.
-Можам јас да си ја дозволам дека сум сам и имам убава пензија. Овие што се повише члена мислам тешко, вели друг граѓанин.
-Споредно е колку е можно. Јагнешко? Има, додава друг граѓанин.
-Со овие примања традиционално не може, затоа што цените ви кажав се во воздух, вели граѓанин.
-Не може просечно семејство тоа да го издржи, само за леб и млеко, за вода, за ништо друго, вели граѓанин.
Токму за да спречи предпразнично поскапување на основните прехрамбени производи, Владата донесе одлуки за ограничување на бруто профитната маржа на основните прехранбени производи. Одлуките беа со цел да се заштитат граѓаните од високи цени токму во периодот Разамазанските и Велигденските празници. Замрзнатите маржи и цени завршуваат на крајот на месецов. Надлежните велат ќе ја следат состојбата со цените, ако има потреба ќе се носат нови мерки.
