Велика Британија ги забранува социјалните мрежи за лица под 16 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британскиот премиер Кир Стармер денес објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забрането да ги користат сите поголеми апликации на социјалните медиуми.

„Водењето земја е секогаш прашање на избор и ми е јасно дека целосната забрана е вистинската“, изјави Стармер на прес-конференција, објави Скај њуз .

Стармер истакна дека социјалните медиуми ги прават децата несреќни, отвораат простор за вознемирување и злоупотреба и го оштетуваат нивното ментално здравје. Тој, исто така, ги истакна опасностите од штетните содржини на кои се изложени децата.

„Нема да правам компромис во врска со безбедноста и среќата на нашите деца и затоа оваа забрана мора да се спроведе. И ќе се спроведе“, рече тој.

Тој објасни дека производите што не се опфатени со општата забрана, како што се платформите за игри, ќе мора да ги спречат децата да комуницираат со странци. Додаде дека можноста некои деца да најдат начини да ја заобиколат забраната не треба да биде причина за нејзино напуштање.

„Ова ќе ги направи нашите деца посреќни. Ќе им дадеме повеќе време, повеќе безбедност, повеќе слобода да растат и повеќе можности. На крајот на краиштата, тоа е она за што се залага оваа влада“, заклучи британскиот премиер.