Велт: Напаѓачот во Германија е од Саудиска Арабија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Осомничениот за нападот со автомобил на божиќниот пазар, кога во Магдебург загинаа најмалку 11 лица, а до 80 беа повредени, по потекло е од Саудиска Арабија, објави Велт.

Весникот додава дека осомничениот е во притвор и дека се работи за 50-годишен маж.

Владиниот портпарол Матијас Шупе изјави за Велт дека станува збор за напад.