Венко Филипче ќе се вакцинира против коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, потврди дека ќе се вакцинира против ковид-19. Вакцините треба да пристигнат некаде на почетокот на идната година, а први ќе бидат вакцинирани медицинските работници.

Денеска Венко Филипче изјави дека не постои здравствен проблем кој е во корелација со било која вакцина.

„Jaс ќе се вакцинирам. Верувам во вакцината, таа е безбедна, ние го следевме процесот на развој и сите фази од клиничките студии. Вакцината ќе ја промени сликата со пандемијата, ќе го подигне имунитетот на населението насекаде во светот, а животот ќе се врати во нормала.

Искрено верувам дека следната есен, следната Нова Година нема да има потреба за мерки никаде во светот, нема да има рестиркции и дека ќе им се вратиме на нашите животи онакви какви што беа пред Ковид-19“, потенцираше Филипче.