Венко Филипче поднесе оставка!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, по притисокот од јавноста, поднесе оставка од функцијата.

Филипче се реши на ваков чекор по трагедијата во Тетово во која животот го загубија 14 лица по пожарот на модуларната болница.

Тој ова го соопшти на денешната вонредна прес-конференција, а вчера на прес-конференцијата зборуваше дека нема намера да се повлече и дека ќе ја чека истрагата. Сепак, еден ден потоа се реши да отстапи од функцијата министер за здравство.