Верските заедници со порака: „Не потклекнувајте на обидите за нарушување на соживотот, и почитувајте ги државните симболи“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претставниците од верските заедници, денеска одржаа состанок, после кој порачаа на сите македонски граѓани, да не потклекнуваат на обиди за нарушување на соживотот, и порачаа почитување на државните симболи.

„Бог ни дал да живееме во една заедничка држава, затоа ние Поглаварите на Македонската црква, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, ги повикуваме сите македонските граѓани да не потклекнуваат кон обидите за нарушување на соживотот, туку да ја почитуваме меѓусебната почит, државните симболи на нашата татковина, и симболите на сите етнички заедници“, стои во соопштението.