Весиќ итно пренесен во болница, му се влошила состојбата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Зоран Весиќ, братот на Горан Весиќ, за српските медиуми потврди дека поранешниот министер за градежништво е итно пренесен во болница поради влошена состојба.

Според Зоран Весиќ, тој пред почетокот на штрајкот со глад бил на Заводот за кардиоваскуларни заболувања на Дедиње каде му било констатирано срцево заболување.

„Констатирана му е ангина пекторис, а отишол во завод во прединфарктна состојба. Некако се стабилизирало со терапија, одбил хоспитализација, сега е јасно зошто и требало да направи коронарографија“, изјави Зоран Весиќ.

Тој потсети дека неговиот брат веќе шест дена штрајкува со глад и дека Обвинителството му одредило притвор во таква состојба, по што Горан Весиќ започнал со штрајк со глад.

Така, изјави Зоран Весиќ, обвинителството ја потпишало неговата смртна казна.

Тој потсети дека Горан Весиќ е приведен со образложение дека ја вознемирува јавноста, што, како што вели, е сосема нелогично бидејќи самиот Весиќ си поднел оставка и се пријавил во Обвинителството, каде што бил сослушан и приведен.

„Апелирав вчера да му се пружи лекарска помош бидејќи знаев што може да се случи“, изјави братот на Горан Весиќ.

Тој изјави дека смета оти е вршен голем притисок врз Обвинителството, а со нив веднаш контактирал и претседателот на Србија Александар Вучиќ кој ги поддржал.