Ви се замаглуваат очилата додека носите маска? – Доктор открива како тоа да го спречите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Носењето на маска во тек на светска пандемија со коронавирус претставува проблем, поготово на лицата кои носат очила за вид. Замаглувањето на стаклата на очилата не е невообичаена појава бидејќи со секое вдишување и издишување се создава кондензација која ја отежнува прегледноста.

Откако британскиот политичар Мајкл Глоув бил фотографиран со замаглени очила, д-р Хилари Џонс се појавил на популарното шоу „Добро утро Британија“ и споделил корисен совет.

„Очилата треба да се носат над маската така што здивот нема да се кондензира на стаклата. Претходно добро е да се исперат очилата со сапун и вода, а потоа да се остават на воздух да се исушат“, истакнал тој.

„Ова ќе предизвика анти-замаглен ефект, кој е привремен, но ефикасен“, додал тој.