ВИДЕО АПОКАЛИПТИЧНО НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Обилните дождови го поплавија островот Крк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Невреме со грмотевици и обилни врнежи од дожд поплавија делови од островот Крк во ноќта од четврток кон петок.

Во градот Крк поплавени се стоковна куќа, продавница и уште неколку објекти од кои сега се испумпува водата. Поплавено е и полето „Кимпи“, јавува Канал РИ.

Во прекин е патот кој ја поврзува Крка со селата Салатиќи и Врх. Во поплавата во тој реон беа заглавени и неколку автомобили.

Како што пренесуваат медиумите, пожарникарите на Крк имале многу интервенции на подрачјето на Малинска, Крк и Кимпи.

„Од синоќа извршивме 17 интервенции, од кои 5 се во тек. Тие главно се однесуваат на испумпување на вода, по што следеа две свлечишта и две возила за извлекување од водата“, изјави Горан Грубишиќ, командир на ЈВП на градот Крк.

Речиси 300 мм дожд наврнаа на Крк во последните 24 часа. Метеоролошката станица Поникве забележала најзастапена количина на дожд, дури 274 мм. Во самиот град Крк паднале 193 мм, додека во Брзац измерени 109 мм, објави Истрамет.