Силното невреме пропратено со обилни врнежи во последните 24 часа предизвика големи проблеми во Кефалонија, особено на југот на овој грчки остров, каде се поплавени домови, деловни објекти и земјоделски култури.
Како што објави ekefalonia.gr, екипите на Цивилната заштита утринава почнаа да ги отстрануваат урнатините од гробиштата Влахата, додека во Пастра е забележан лизгање на земјиштето, поради што камења паднаа на главниот пат.
Човечки животи не се загрозени, најголем дел од проблемите има во општина Ператата каде се поплавени куќи.
Грчките власти претходно издадоа предупредувања за силен дожд и невреме во текот на викендот за Лефкада, Кефалонија, Итака, Закинтос, крајбрежниот Епир, западна централна Грција и западниот и јужниот дел на Пелопонез, пишува „Катимерини“.
