Помал двомоторен авион „Пајпер ПА-31“ се урна на автопатот во Викторија во американската сојузна држава Тексас, јавуваат американските медиуми.
Авионот со само пилотот во него, при паѓање удрил во три автомобили, при што едното возило е превртено. При падот се скршил на половина, оставајќи остатоци расфрлани на патот. Дел од остатоците од авионот биле пронајдени на врвот на еден од оштетените автомобили.
Локалните медиуми јавуваат дека четири лица се пренесени во болница, каде три од жртвите се со повреди кои не се опасни по живот, додека едно лице е тешко повредено.
Сепак, не беше прецизирано дали пилотот е меѓу пренесените во болница.
„Ова не е нешто што го гледаме секој ден, но ни е мило што луѓето се безбедни и нема жртви“, рече заменик-началникот на полицијата во Викторија, Елин Моја.
NEW: Small plane crashes into three cars at a Texas intersection
— Unlimited L's (@unlimited_ls) December 12, 2024
The Victoria Police Department responded to a crash at the intersection of Zac Lentz Parkway and Mockingbird Lane
A twin-engine Piper Navajo struck three cars on the roadway and split in half at the fuselage… pic.twitter.com/8du65v0COl