Бомбата која утрово експлодираше во двор во скопската населба Керамидница, и го повреди Раде Трајковски – Штекли кој е пренесен во болница, утрово беше тема на разговор и во Владата.
Со видео беше најавен нападот, како и претходните напади врз Штекли, но и овојпат минаа незапазено од службите на МВР.
„Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат“, стои во видеото објавено на „Тик-ток“, кое го коментираше и Тошковски.
„Ова е доказ дека бандите си хараат и денеска. Добро е што немаме жртви во кривично правниот настан, и ситуацијата со повредениот не е животно загрожувачка. “, рече Тошковски.
Потоа беше прашан и за ова видео, Тошковски одговори:
„МВР не може да направи чудо за преку ноќ. Но, можам да кажам дека работиме за граѓаните да се чувствуваат безбедно“, рече Тошковски.
