ВИДЕО: Бугарскиот премиер Борисов му го подари сакото на градежен работник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на бугарската влада Бојко Борисов при посетата на градежните работници кои работат на реновирање на автопатот меѓу Стара Загора и Чирпан му го подари своето сако на еден од работниците.

„Убаво Ви е сакото. Сакам и јас да си земам исто такво“, му рече работникот на Борисов.

Премиерот ги праша своите соработници дали има друго сако во возилото, па го соблече своето и му го подари на работникот.

„Ако ти е точно, веднаш ќе ти го дадам“, му рече Борисов.

Работникот го проба сакото и големината му одговараше.

„Алал нека ти е. Да ги проверам само џебовите. Запалката ќе ти ја оставам, но маската ќе си ја земам“, рече Борисов и ги воодушеви останатите работници кои го поздравија со ракоплескање.