Бурата Гаро продолжува да носи обилни врнежи и торнада во Шпанија, а во девет провинции е прогласена состојба на готовност, објавија денеска медиумите.
Најтешка е ситуацијата во провинцијата Хуелва, каде е воведен портокалов метео аларм, а шпанските власти го повикаа населението ширум земјата да биде внимателно, особено во загрозените подрачја, пренесува Јуровикли њуз.
Aljaraque con aviso amarillo🟨@Meteohuelva #Huelva @AytoAljaraque #Aljaraque pic.twitter.com/0LNQXYqYh2
— sEnI_GrG (@Aemsage) January 20, 2025
Локалните власти предупредија на реална опасност од поројни поплави во следните 24 часа.
Невремето предизвика хаос во делови од провинциите Андалузија, Кастилја и Леон, Кастиља Ла Манча, Екстремадура и Галиција.
