ВИДЕО: Два силни земјотреси на различни места во Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со магнитуда од речиси шест степени според Рихтеровата скала го погоди рускиот брег на Каспиското Езеро.

Најмногу беше почувствуван во Дагестан , каде што во Махачкала стотици луѓе ги напуштија своите домови во паника, плашејќи се од уривање на згради.

Досега нема пријавени жртви или поголема материјална штета, а тресењето на земјата е почувствувано и во Астрахан, Чеченија, Казахстан, Азербејџан и Иран.

Земјотрес денеска ги погодија и Курилските острови со јачина од шест степени, на крајниот исток на земјата. Не е издадено предупредување за цунами.