ВИДЕО Експлозија на гас во ресторан во Турција, четворица загинати, многу повредени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Четири лица загинаа, а многумина се повредени во експлозија на гас во ресторан во западна Турција, соопштија локалните власти.

„Четворица наши граѓани ги загубија животите, голем број се повредени, а некои од нив се во многу тешка состојба“, изјави Сулејман Елбан, гувернер на провинцијата Измир.

Бројката од четворица загинати ја потврди и градоначалникот на Торбали, градот во кој се случи експлозијата, додавајќи дека околу 20 лица се повредени, од кои некои потешко. Сликите од местото на несреќата покажуваат и оштетувања на фасадите на околните згради како резултат на експлозијата.