ВИДЕО: Еве како изгледа гасење на пожар со романскиот „Спартан“ кој денеска дејствуваше во Сарај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Романското воено воздухопловство, пред неколку дена го испрати авионот Ц-27 Спартан за локализирање на пожари. Откако дејстувваше во источниот дел, денеска Спартанот беше ангажиран за гасење на пожар над С. Раовиќ, општина Сарај.

Екипа на ТВ21 беше и се увери во моќта на „Спартан“ кој исфрла осум тони вода во форма на падобран при еден прелет за гасењето на пожарите.

На терен беа тимовите на ДЗС со 13 лица, Доброволното ПП друшто Бајрам Мифтари со 5 пожарникари и 22 припадници на армијата.

Се прават обиди да се локализира пожарот, односно да се стави под контрола и да не се дозволи да дојде до населени места.