Од денеска на сила се нови рестриктивни мерки со кои за влез во угостителските објекти и на организирани настани ќе мора да се приложи сертификат за примени вакцини или потврда за прележан Ковид-19 во изминатиот месец и половина.
Со овие мерки целосно се забранува и одржување настани и работа на угостителските објекти на затворено, а угостителските објекти мора да имаат редарска служба која ќе врши контрола.
Надлежните велат дека мерките се носат со цел да се заштити јавното здравје и да не се доведе државата во ситуација повторно да воведува локдаун и целосно затворање на одредени дејности.
