ВИДЕО Ивановска лута во „Клик Плус“ открива скандал во Центар: Срамота! Познат човек добива решение за уривање на градба, а тој и натаму гради!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 гостинка е претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Ивановска лута од студиото на ТВ21 откри невиден скандал во Центар. Таа кажа дека познат човек добил решение да го сруши објектот, но тој и натаму си гради.

реклама

„Еве го примерот со Водњанска со познат човек инвеститор на објект. Доаѓа инспектор пишува решение за уривање, не се урива објектот, си продолжува да гради. Згора на тоа уште мајсторите им пуштаат предизвикувачка музика на околните жители дека законот ништо не им може. На што личи тоа? На ништо не личи тоа, срамота!“, кажа луто Ивановска.

Следете „Клик Плус“ вечерва во 21:30 часот на ТВ21 и на социјалните мрежи.

реклама

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама