ВИДЕО: Кипар ги затвори училиштата по нападот врз база, во Саудиска Арабија гори една од најголемите нафтени постројки во светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кипар го зголеми нивото на тревога по нападот со беспилотни летала врз британската воена база РАФ Акротири на островот. Властите наредија затворање на училиштата и спроведоа евакуации каде што треба, затоа што земјата е вовлечена во ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.

Во своето утринско обраќање до нацијата, кипарскиот претседател Никос Христодулидес рече дека безбедноста на земјата е најважната грижа на неговата влада.

„Се наоѓаме во регион на исклучителна геополитичка нестабилност, со бројни предизвици и проблеми, кој моментално поминува низ невидена криза. Правиме сè што е потребно, а безбедноста на нашата земја и граѓаните е наш врвен приоритет“, рече тој.

Тој нагласи дека Кипар, членката на ЕУ најблиску до Блискиот Исток и популарна туристичка дестинација, инсистира дека „нема да се вклучи во никакви воени операции“. „Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја игравме цело време – секогаш како дел од решението, а не од проблемот – и ќе продолжиме да дејствуваме со истото чувство на одговорност“, додаде Христодулидес кој кажа дека нападот погодил воени објекти во британската база „Акротири“ и предизвикал мала материјална штета.

Иран употреби беспилотни летала „Шахед“ за напад врз нафтениот погон „Арамко“ во Рас Танура, Саудиска Арабија. Поради нападот, рафинеријата престана да работи.

Набргу потоа, рафинеријата за нафта „Сауди Арамко“ престана да работи, објави „Скај њуз Арабија“.