ВИДЕО: Ламбурџини претстави нов модел – Хјурикејн

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Lamborghini го претстави наследникот Хјурикејн. Неговото име е Темерарио, што во превод значи несовесно, а најважно е под хаубата, каде што има бензински V8 на кој му даваат дополнителна сила дури три електромотори.

Со други зборови, Temerario е plug-in хибрид, па може да вози само на струја, но не премногу долго, а потрошувачката треба да биде околу 11 l/100km.

Со ова Lamborghini по Revuelto и Urus ги електрифицираше и сите свои модели.

Позната е и цената

Но, да се вратиме на она што е важно. А тоа е дека овој хибриден систем произведува вкупно 920 коњски сили и оди до неверојатни 10.000 вртежи во минута, бројки обично резервирани за тркачки автомобили.

Меѓу останатите бројки, да напоменеме дека максималната брзина оди над 340 km/h, а од 0 до 100 km/h потребни се само 2,7 секунди.

Што се однесува до цената, засега не се познати, но се очекува да биде околу 300.000 евра.