Рано утрово Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Украина. Експлозии одекнаа во голем број градови. Североисточниот град Харков е меѓу најтешко погодените, бидејќи беше под „жесток удар на голем број балистички ракети“, објавија локалните власти. Најмалку шест лица се повредени.
Експлозии се регистрирани и во Днепар, Кременчук, Криви Рог и Ивано-Франковск на западот на земјата. Неколку градови во Украина воведоа итни прекини на струја по нападот.
„Непријателот повторно жестоко го гаѓа енергетскиот сектор“, рече министерот за енергетика Херман Халушченко.
Полска ги подигна своите борбени авиони како одговор на руската ракетна закана во западна Украина. Серија експлозии беа пријавени во Харков, откако воздухопловните сили предупредија дека балистички ракети летаат кон градот. Биле испукани најмалку седум.
Нападите предизвикаа пожари и штета на цивилната инфраструктура, изјави гувернерот. На местото на нападот продолжуваат да работат итна помош, а информациите за жртви и штети се уште пристигнуваат.
Awoke to see that fascist Russia is arranging a Christmas missile attack for democratic Ukraine – Russian Tu-95 bombers are in firing positions over the Caspian Sea, and Kalibr missiles just launched from warships in Black Sea. Video: The sound of Christmas morning in Ukraine. pic.twitter.com/dI0dkKHmUT
— Euan MacDonald (@Euan_MacDonald) December 25, 2024