Бројни граѓани денеска пристигнаа во Поликлиниката во Шуто Оризари со цел да се вакцинираат против ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше на посета на оваа Поликлиника каде се отвори нов пункт за вакцинација и порача дека само со вакцинација ќе се врати нормалниот начин на живот.
„Со сите овие механизми што ги имаме – кампањите, теренската вакцинација…, да се вакцинираат што поголем број на граѓани. Веројатно ќе има и нови соеви на вирусот, веројатно ќе има и нови мутации. Меѓутоа, со рестрикции не можеме да живееме. Вака ќе го вратиме нормалниот начин на живот“, рече министерот.
Инаку, од денеска започна и теренската вакцинација а листата на населени места каде се одвива вакцинацијата можете да ја погледнете ТУКА!
