Километарски колони се формирани на граничниот премин „Блаце“. Како што дознава ТВ21, тоа е поради вечерашната акција која се уште ја спроведува македонската полиција, а каде како што објавивме се апсат членови на криминални групи.
Според наши информации, дел од членовите кои претходно биле следени со ПИ мерки (посебни истражни мерки) планирале бегство од Македонија кон Косово, па најверојатно поради тоа од попладнево има засилено полициско присуство на граничниот премин.
Инаку, вечерашната акција треба да се спроведи во вторникот, но поради пробивање на акцијата од вработени лице во МВР, истата брзо била реорганизирана и закажана за денеска.
Во моментов не е јасно дали некое од лицата успало да се спаси од полицијата, откако акцијата била пробиена.
Ова не е прв пат големи акции на полицијата или обвинителството да бидат пробиени. Последен таков голем случај беше акцијата „Планина“ која ја раководеше тогашната обвинителка и шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска.