Почина Синиша Михајловиќ. Поранешниот југословенски и српски репрезентативец и фудбалски тренер почина на 54-годишна возраст од леукемија, тешка болест со која се бореше со години. Семејството на Михајловиќ преку италијанските медиуми ја соопшти веста за неговата смрт и им се заблагодари на лекарите за грижата.
Михајловиќ е роден во Вуковар во 1969 година. Во младоста играше за Војводина, а се прослави играјќи за Црвена звезда со која ја освои Лигата на шампионите. Играше како либеро и беше познат по одличните слободни удари. По Звезда замина во Италија каде играше за Сампдорија, Лацио и Интер.
Во Италија постигна 28 гола од слободни удари, што и денес е рекорд. Тој е познат и по тоа што постигна хет-трик од слободни удари на еден натпревар во 1998 година. Тогаш играше за Лацио, а против Сампдорија. Вакво нешто после него не е видено во италијанскиот фудбал.
