Дваесет и седум лица беа уапсени во неделата додека демонстрантите повторно излегоа на улиците во центарот на Лос Анџелес како одговор на рациите на ICE и одлуката на Доналд Трамп да ја испрати Националната гарда во Калифорнија. Десет лица беа уапсени од полицијата во Лос Анџелес, вклучувајќи едно лице кое наводно фрлило молотов коктел и друго кое беше обвинето дека возело мотоцикл низ полициските кордони.
Калифорниската автопатска патрола (CHP) уапси дополнителни 17 лица откако демонстрантите излегоа на автопатот 101 и го блокираа сообраќајот.
Уште 29 лица беа уапсени во саботата затоа што одбија да се тргнат, објави шефот на полицијата во Лос Анџелес, Џим Мекдонел.
Мекдонел изјави дека лицата кои го предизвикале нарушувањето на редот биле анархисти, а не демонстранти кои учествувале во мирни демонстрации претходно истиот ден.
Британскиот фотограф Ник Стерн беше застрелан од гумен куршум за време на протест во Лос Анџелес. Стерн фотографирал судир меѓу демонстрантите и полицијата пред продавницата „Хоум Депо“ во Парамаунт кога гумен куршум од 14 мм му го пробил бутот. Тој бил подложен на итна операција и сега се опоравува во Медицинскиот центар „Лонг Бич Меморијал“.
„Некои демонстранти дојдоа до мене и ми помогнаа, и на крајот ме однесоа, и тогаш забележав дека крв ми тече по ногата“, изјави Стерн.
Кога демонстрантите почнале да го бркаат возилото, тоа избегало, удрило во електричен столб и продолжило да бега. Тој додал дека возачот бил приведен од локалната полиција. Не е познато за што точно бил уапсен.
Amid the chaos in downtown Los Angeles, Sky 5 captured a couple of cars doing donuts, one vehicle led to a short pursuit with police. pic.twitter.com/C0BAAmPPG0
— KTLA (@KTLA) June 9, 2025
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, изјави дека ќе го тужи Доналд Трамп за распоредување војници на Националната гарда во Лос Анџелес без консултација со него.
„Постои протокол, постои процес, нему не му беше гајле за тоа“, рече Њусом во интервју за MSNBC, додавајќи дека планира да поднесе тужба во понеделник наутро.
Тој го обвини Трамп дека е „ладнокрвен лажго“ откако двајцата разговараа во петокот, а Трамп наводно не го споменал распоредувањето на Националната гарда.
Полициската управа на Лос Анџелес објави дека целата област на центарот на Лос Анџелес е „прогласена за нелегално место за собирање“.
„Мора веднаш да го напуштите центарот на градот“, предупреди полицијата на „Икс“.
