ВИДЕО Невидени сцени во Нови Сад: Полицијата се судри со демонстрантите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројни граѓани ги поддржаа студентите и протестите кои со денови траат во Србија, а особено се интензивираа по паѓањето на настрешницата на железничката во Нови Сад по што загинаа 15 лица.

По синоќешниот протест во Белград, опозицијата утрово во Нови Сад почна да го блокира полицискиот оддел во Нови Сад.

Тие побараа средба со градоначалникот Горан Радоњиќ, во барање на одговор за претепувањето на пензионерот Илија Костиќ при блокадата на Судот и Обвинителството на 21 ноември. Бараната средба не се одржа. Денеска полицијата со кордон ги чува влезовите на полициската управа, и за неполни два часа се случија неколку инциденти.

Српскиот министер завнатрешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека полицијата не употребила сила.

„Имаше туркање да застане на рампата. Не може да се дозволи виталните државни објекти да бидат опколени, блокирани и никој да не може да помине или да излезе. И сето тоа без употреба на сила, тоа беше јасно видливо“, рече Дачиќ.

Многумина од опозицијата оваа изјава на Дачиќ ја окаректиризираа како лага.