ВИДЕО Драматични сцени во Денвер: Се запали авион, патници бегаа преку крилата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мотор на авион на „Американ Ерлјанс“ се запали, откако авионот принудно слетал во во Денвер, а патниците беа принудени да се евакуираат користејќи тобогани, соопшти Федералната управа за авијација.

Компанијата потврди дека сите 172 патници и членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот, и покрај тоа што шест патници биле пренесени во болница на дополнтелни проверки.

Летото 1006 кој летал од Колорадо Спрингс до Далас, принудно слетал во Денвер откако пилотот се пожалил на вибрации во моторот.

На социјалните мрежи беа објавени драстични снимки на патници кои стојат на крилото на авионот пред да бидат евакуирани, додека од моторот излегува густ чад.