ВИДЕО: Нов пожар во Турција, гори зграда во Истанбул

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турција и натаму не може да се соземе од големиот пожар во хотел во ски-центар во Болу, денеска се случи пожар во зграда во азискиот дел на Истанбул.

Огнот избувнал во зграда во која имало и ателје за текстил. Густи облаци го покриваат небото над најголемиот турски град.

На местото на пожарот се испратени протипожарни екипи, екипи за брза помош и полиција.

Евакуирани се жителите од соседните згради.