ВИДЕО Нова страшна трагедија го потресе светот: Патнички авион се излизга од пистата во Јужна Кореја, над 120 загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку дена после авионската несреќа во Казахстан, кога се урна авион на Азербејџан Ерлајнс, нова трагедија го потресе светот. Патнички авион 737-800 со 181 патник и членови на екипажот, се урна на аеродромот Муан во Јужна Кореја.

Досега пријавени се 124 загинати и тројца преживеани, а веднаш е почната спасувачка акција. Се работи за летот 2216 од Бангок на компанијата „Јеју Ер“.

На снимките се гледа дека авионот се лизга по пистата без тркала, и од некоја причина не му се активирале истите во текот на слетувањето.

На социјалната мрежа „Икс“ се објацени снимки од местото на трагедијата.