ВИДЕО Објавена снимка од нападот врз иранскиот брод кај Шри Ланка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за одбрана на САД објави снимки од нападот врз иранска фрегата покрај брегот на Шри Ланка.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, на денешната прес-конференција изјави дека американска подморница потопила ирански воен брод „кој мислел дека е безбеден во меѓународни води“.

Хегсет рече дека бродот бил „потопен од торпедо“.

„Ова е првото потонување на непријателски брод од торпедо по Втората светска војна. Како и во таа војна… ние се бориме за победа“, рече Хегсет.