ВИДЕО: Објавени снимки од земјотресот во Перу

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди Перу во текот на вчерашниот ден.

Властите во Перу соопштија дека најјмалку 40 лица се повредени во силниот земјотрес во северниот дел на Перу.

Според информациите од болницата во градот Сулани, три лица се тешко повредени, меѓу кои една бремена жена, а неколку десетици луѓе се полесно повредени.

Земјотресот бил со епицентар на 12 километри западно од Сулани во регионот Пиура на длабочина од 36 километри, соопшти Перуанскиот сеизмолошки центар.

Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека 187 куќи се оштетени, а во шест веќе не може да се живее.

Земјотресот бил почувствуван во голем дел од регионот, како и во соседниот Еквадор.