ВИДЕО: Огромен череп од диносаурус откриен во Канада, тежи дури 272 килограми

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Палеонтолозите откопаа череп од пахириносаурус тежок дури 272 килограми во близина на градот Гранде Прери во Алберта.

Овој огромен тревојад се шетал по пустините на Алберта пред 72 милиони години.

Черепот, кој експертите го нарекоа Биг Сем, е најголемиот череп пронајден во Пајпстоун Крик, пишува Би-Би-Си.

Палеонтологот Емили Бамфорт од Музејот на диносаурусите Филип Џ. Кари изјави дека покрај коските на возрасните, на местото има и стотици остатоци од помлади.

Таа додаде дека примерокот на Биг Сем бил многу добро зачуван бидејќи бил пронајден наопаку, што укажува дека диносаурусот лежел на грб кога умрел.