ВИДЕО: Опозицијата во Албанија запали кукла со ликот на Еди Рама

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пратениците на албанската опозиција денеска протестираа во Парламентот на Албанија, каде палеа фигури на политичари и се судрија со обезбедувањето, откако еден нивни колега беше осуден на затворска казна за клевета.

Пратениците на конзервативните демократи, кои повикаа на бојкот на денешната седница на Собранието, се обидоа да го блокираат влезот на нивните колеги од владејачката Социјалистичка партија. Тие протестираа поради затворањето на Ервин Салијани, кој во 2018 година побара оставка од тогашниот министер за внатрешни работи поради обвинувањата дека братот на министерот се занимавал со незаконски активности, кои подоцна се покажаа како невистинити.

Пратениците ги запалија ликовите на премиерот Еди Рама, министерот за внатрешни работи Фатмир Џафаи и уште двајца политичари. Откако не успеаја да влезат во салата, пратениците на опозицијата го прекинаа протестот, а социјалистите ја затворија седницата.