ВИДЕО: Ова е моментот на земјотресот во Петриња, прес-конференцијата траеше, снимките се застрашувачки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес ја погоди Хрватска, епицентарот на земјотресот со јачина од 6,2 степени беше во близина на Петриња, но тој беше силно почувствуван низ цела Хрватска.

Според последните информации, во Петриња загина 12-годишно девојче, додека повредени се најмалку 20 лица.

Земјотресот се случи во моментот кога градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, одржуваше прес-конференција за вчерашниот земјотрес.

Камерите снимаа сè. Се гледаше силно тресење на земјата, луѓето викаа и се слушна силен татнеж.