ВИДЕО: Паника во авион, четири патници и двајца членови на екипаж со тешки повреди поради технички проблеми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четворица патници и двајца членови на екипажот тешко повредени откако летот на Јунајтед ерлајнс итно повратно слета во Лагос, Нигерија поради „технички проблем“.

Авионот Боинг 787-8 првично требаше да слета на меѓународниот аеродром Вашингтон Далс, имаше 345 патници, осум стјуардеси и тројца пилоти.

„Веќе ни беа послужни оброците кога авионот го загуби притисокот, и почна остро да се спушта. Од ударот ја удрив главата во таванот. Острото спушање се случи три пати, по што некои луѓе беа сериозно повредени“, соопшти еден патник.

Се огласи и федералната служба за аеродроми во Нигерија:

„Во авионот имало 245 патници и 11 члена на екипажот. Сите патници се симнале безбедно, четири од нив и двајца членови на екипаж се здобиле со сериозни повреди, додека 27 патници и пет члена на екипажот се здобиле со полесни повреди“, стои во соопштението.