По вечерата која беше приредена од страна на домаќинот, претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, претседателот Стево Пендаровски се запозна и со еден од присутните гости Мате Римац кој е босанско-хрватски иноватор и основач на хрватската компанија за автомобили „Римац“.
Автомобилот за само 1-2 секунди развива неверојатна брзина, а работи на електричен погон.
За време на средношколските години, Римац се истакнал со победа на локални, национални и меѓународни натпревари за електроника и иновации. На 19 години, Римац започнал да ја претвора старата БМВ-серија 3 од 1984 година во електричен автомобил во неговата гаража со кој соборил неколку светски рекорди за електрични автомобили, пред да започне да го создава својот прв електричен суперавтомобил во 2011 година на возраст од 23 години.
Неговата компанија сега има над 900 вработени во 2020 година, a покрај развојот и производството на сопствени електрични хиперавтомобили, Римац обезбедува технологии и системи на електрични возила за многу големи имиња на автомобилската индустрија.
