Маж, за кој медиумите велат дека е лекар од Саудиска Арабија, е осомничен за напад со возило на саем во германскиот град Магдебург. Билд наведува дека загинале најмалку 11 лица, додека официјалните податоци покажуваат дека најмалку двајца загинале, меѓу кои и едно дете.
Официјални лица објавија дека напаѓачот е 50-годишен маж кој работел во локална клиника и дека тој „ не бил познат по екстремистички ставови“.
Возачот веднаш бил уапсен откако „возел 400 метри“ низ толпата на божиќниот базар.
Најпрво беше објавена вест за 11 загинати од страна на Билд, но потоа веста беше повлечена. Некои медиуми јавуваат за двајца загинати.
Канцеларот Шолц се упати на местото на инцидентот.
Беше објавено и видео од апсењето на напаѓачот.
The arrest of the attacker who drove into a Christmas market crowd in Magdeburg, Germany. pic.twitter.com/ZYhRROI8SP
— Clash Report (@clashreport) December 20, 2024