ВИДЕО: Пожар избувна во Охис – затворен патот кон населбата Драчево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По катастрофалните пожари низ цела држава, попладнево пожар избувна и во фабриката Охид.

Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 потврдуваат дека има пожар во фабриката.

Засега не е познато што е запалено во фабриката.

Поради пожарот, од безбедносни причини затворен е за сообраќај булеварот „Борис Трајковски“ кон населбата Драчево, а возилата се пренасочуваат кон Лисиче.