Патниците на летот на „Рајанер“ беа принудени буквално да
скокнат од авионот откако избувна пожар непосредно пред полетувањето . Осумнаесет од нив се здобија со полесни повреди.
Пожарот избувнал кратко по полноќ на аеродромот во Мајорка, а не е познато која била дестинацијата на авионот. Четири амбулантни возила и пожарникари веднаш биле испратени на местото на настанот.
Драматичната снимка ги прикажува преплашените патници покажува како патниците го напуштаат авионот преку крилото и скокаат на пистата на аеродромот во Палма де Мајорка.
Осумнаесет лица побарале лекарска помош поради повреди.
Un incendio en un avión de Ryanair en el aeropuerto de Palma provoca varios heridos.https://t.co/a9vOJyrJTc pic.twitter.com/dyiaQqfBUi
— Niporwifi © (@niporwifi) July 5, 2025
Фото: Архива
